Алесија Чуло е артистка чии дела ги освојуваат љубителите на животните. Талентираната Италијанка создава илустрации од миленици, инспирирани од фотографии кои ѝ ги испраќаат нејзините клиенти.
Таа ги „претвора“ животните во анимирани ликови во Дизни стил, а крајниот резултат ги радува нивните сопственици.
„Преслатки се, не можам да им одолеам. Ова е работата од моите соништа. Нема секој можност да го работи она што го сака. Среќна сум што ја имав поддршката од моето семејство, но среќна сум и за љубовта која ја добивам од сите кои ме следат“ – изјавила Чуло.