Последнава декада пластичната хирургија со инвазивни третмани кои подразбираат употреба на скалпови полека, но сигурно е истиснувана од антиејџ медицината која употребува неинвазивни третмани кои истовремено даваат и подобри и побрзи резултати.
Овој тренд од поново време пристигна и во Македонија каде на корисниците им се овозможуваат неинвазивни третмани, односно третмани кои не предизвикуваат болка и траума. Други бенефити од оваа метода се дека нема потреба од долго опоравување на пациентите и без употреба на операција се доаѓа до врвни резултати во корективните процеси. Тука влегуваат третмани како мезотерапија, мезолифт и липолиза кои подразбираат примена на природни супстанци кои не ја иритираат кожата.
Успешноста на третманите резултира со видливо подмладување на кожата за 10 до 15 години, отстранување на брчки, пополнување на јаболкници, уста и корекција на други делови од телото. Прва ваква ординација во Македонија од неодамна е отворена во рамки на Поликлиниката Др. Ѓоше од Куманово која работи под името Естетикмед.
Следејќи ги светските трендови во антиејџ медицината, за потребите на македонската публика во Поликлиника Др. Ѓоше функционираат високо ефикасни и најнови методи за вршење на третманите како и високо образован стручен тим со долгогодишна пракса во сродни поликлиники во Белград.
За оваа метода Др. Наташа Јовановска, специјалист по пластична хирургија, изјави: “Светските трендови за корективна медицина веќе не подразбираат траума кај пациентите и горди сме што тие модерни трендови можеме да ги понудиме и на македонскиот пазар”.
Комерцијален текст