Почетна » Новости » Занимливости » Ангела Меркел не е повеќе на врвот: Мекензи Скот е најмоќната жена според Forbes

Ангела Меркел не е повеќе на врвот: Мекензи Скот е најмоќната жена според Forbes

Ангела Меркел не е повеќе „најмоќна жена на светот“. Нејзиното место на популарната листа на Forbes го зазеде Мекензи Скот, поранешната сопруга на основачот на Amazon, Џеф Безос.

Десет години по ред, германската канцеларка стоеше на врвот на Листата на најмоќни жени која секоја година се објавува од популарното списание. Но, со нејзиното повлекување од клучната позиција во Германија, се намали и нејзиното влијание.

1. Мекензи Скот

Откако донираше 8,6 милијарди долари за добротворни цели, од кои 2,7 милијарди само во 2021 година, Мекензи се смести на челната позиција на листата.

51-годишната авторка и филантропка стана најбогата жена на светот по разводот од Џеф Безос со кого беше во брак 25 години. Таа вети дека во текот на својот живот ќе подари барем половина од своето богатство.

Forbes

2. Камала Харис

Потпретседателката на САД се најде на втората позиција на листата на Forbes. Харис е првата жена и првата Афроамериканка која застанува на оваа позиција.

Forbes

3. Кристин Лагард

Претседателката на Европската централна банка е првата жена која застана на чело на оваа институција.

Forbes

4. Мери Бара

Бара е главна извршна директорка на General Motors и е првата жена која застана на чело на една од трите најголеми производители на автомобили во САД.

Forbes

5. Мелинда Гејтс

Поранешната сопруга на Бил Гејтс е дел од најмоќните филантропи.

Forbes

6. Абигејл Џонсон

Forbes

7. Ана Патриција Ботин

Forbes

8. Урсула фон дер Лајен

Forbes

9. Тсаи Инг-Вен

Forbes

10. Џули Свит

Forbes

Славни личности како Опра Винфри, Бијонсе, Ријана и Тејлор Свифт исто така се вброија во најмоќните жени според Forbes.

Целосната листа можете да ја видите тука.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 21591 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.