Наташа и Џејкоб Мун го живеат животот со полни гради. Авантуристичкиот брачен пар неуморно патува низ светот, истражувајќи прекрасни места кои ни ги подарила природата.
Пред неколку години, тие ја добија ќеркичката Зои, која уште од нејзиното раѓање им се придружи во авантурите.
Вљубените партнери итаат од една на друга дестинација, а нивните фотографии и видеа мамат воздишки.
Наташа, која по потекло е од Русија, вели дека Перу е една од најимпресивните земји кои ги посетила.