„Дете на годината“ според списанието TIME е Хеман Бекеле од Вирџинија.
15-годишниот тинејџер направи сапун кој може да третира и да превенира повеќе форми на рак на кожата. Ова откритие, минатата година му ја донесе титулата „Најдобар млад научник во САД“ и му помогна да ја освои наградата од 25.000 долари.
Хеман е роден во Адис Абеба, Етиопија, каде постојано гледал луѓе како работат на силното сонце без соодветна заштита на кожата. Откако неговото семејство се преселило во САД, тој започнал сè повеќе да ги осознава штетните влијанија на сонцето на човековата кожа.
„Кога бев мал, не мислев многу на тоа, но кога дојдов во Америка, сфатив колку голем проблем е сонцето и ултравиолетовото зрачење кога си изложен на него долго време. Страст ми се истражувањата поврзани со ракот на кожата, без разлика дали станува збор за мои истражувања и за она што се случува на ова поле“ – објаснил тој.
Истражувајќи за ракот на кожата, тој дознал за лекот имиквимод (имуномодулатор), кој веќе се користи при лекување на некои форми на рак. Кога се користи во форма на крем, може да помогне во уништување на туморите, но таа чини многу.
Имајќи ја на ум својата татковина Етиопија, Бекеле започнал да размислува како може да го искористи имиквимодот за третирање на раните фази на рак на кожа и да го направи подостапен за луѓето од различни економски класи.
„Речиси сите користат сапун и вода, па сапунот би бил најдобра опција“ – рекол тој за одлуката да направи сапун.