Почетна » Новости » Занимливости » EURO 2012: Јавно откачување за маж кој го избрал фудбалот пред годишнината

EURO 2012: Јавно откачување за маж кој го избрал фудбалот пред годишнината

Англиски фудбалски навивач доби јавна порака за „збогум“ од револтираната партнерка: „Не брзај да се вратиш!“.

Пораката за мажот со име Крис била испишана на бело платно и поставена над прометен пат во Бирмингем.

Јавно откачување

„Крис, се надевам дека вреди да ја пропуштиш нашата годишнина заради четврт-финалињата. Не брзај да се вратиш!“ – пишува на платното.

Очигледно, Крис бил исправен пред тешка дилема – дали да ја поддржи репрезентацијата на Англија на натпреварот против Италија во Украина или да остане дома за годишнината – и го избрал првото.

Јавно откачување

„Не треба да го тераш мажот да избира помеѓу жената и неговата земја. Тие ќе имаат годишнина секоја година, ова е нашата најдобра шанса по подолго време“ – изјавил Џејмс Спорен кој ја видел јавната порака.

На чија страна сте вие? Дали би ви сметало ако вашиот сакан го избере фудбалот пред вашата годишнина? Би го испратиле со насмевка или со заканувачка порака?

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 21933 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.