Почетна » Новости » Занимливости » Eucerin DermatoCLEAN – идеална нега на кожата за празничните денови

Eucerin DermatoCLEAN – идеална нега на кожата за празничните денови

Комерцијален текст

За време на новогодишните и божиќните празници, како и за сите посебни пригоди, се трудиме да изгледаме најдобро што можеме, да имаме впечатлива фризура и совршена шминка. Но, она што е навистина важно за беспрекорен и свеж изглед на нашето лице, е редовното отстранување на шминката пред спиење, како и секојдневното целосно и длабинско чистење на лицето. Затоа, препорачливо е да се користи медицинска козметика која овозможува ефикасно чистење на шминката, овозможувајќи ѝ притоа на кожата на лицето слободно да дише. Во спротивно ќе се ограничи протокот на кислород во клетките на кожата, ќе се намали интензитетот на регенерација на клетките и чувството на свежина.

Поттикнати од овие знаења, стручниот тим на Еуцерин креираше иновативна линија за чистење на лицето, Eucerin DermatoCLEAN, составена од 5 исклучително ефикасни производи, кои нежно, темелно и длабински ја чистат кожата, овозможувајќи ѝ слободно да дише, што е особено значаен чекор на патот до убава и негувана кожа на лицето.

Колекцијата Eucerin DermatoCLEANКолекцијата Eucerin DermatoCLEAN

Наутро се отстрануваат остатоците и вишоците на кожата како себумот и потта создадени во текот на ноќта, додека навечер овозможува ефикасно да се отстранат нечистотиите и шминката. Чистењето на лицето е важен дел од рутинската дневна нега, подеднакво важно како и користењето на кремите. Чистењето на кожата со Eucerin DermatoCLEAN ги поттикнува регенеративните процеси, обезбедува оптимална хидратација и ја подготвува кожата за употреба на Еуцерин кремите. Колекцијата Eucerin DermatoCLEAN има висока дерматолошка вредност и e особено погоднa за осетлива кожа.

Колекцијата Eucerin DermatoCLEAN вклучува млеко за чистење Mild Cleansing Milk, тоник за чистење Clarifying toner, гел за измивање Cleansing gel, отстранувач на шминка Waterproof Eye Make-up remover и флуид DermatoCLEAN 3-in-1 Micellar Cleansing Fluid, кој комбинира три производи во еден – го чисти лицето како гел, освежува како тоник и нежно и ефективно ја отстранува шминката.

Eucerin DermatoCLEAN – подарете му ја на вашето лице негата која ја заслужува!

Жена со колекција DermatoClean

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 21913 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.