Почетна » Новости » Занимливости » dmBio рецепти со Симона Коруновска и dm: Како да се храните здраво, а вкусно?

dmBio рецепти со Симона Коруновска и dm: Како да се храните здраво, а вкусно?

Кога се работи за секојдневната исхрана, не постои магично стапче кое ќе направи оброците да бидат здрави, вкусни и да ве остават сити долго време. Тоа мора да го направите вие – преку вашиот избор на состојки и начинот на подготовка на храната. А ние, нашата денешна инспирација ја најдовме во нутриционистката Симона Коруновска, која ги знае тајните за вистинско уживање во вкусни оброци подготвени од органска храна.

Понекогаш може да биде тешко да се направи „поздравиот“ избор – што поради старите и воспоставени навики за јадење, но и поради времето кое мора да се одвои за подготовка на здрав и вкусен оброк. За среќа, времето во кое живееме ни нуди голем избор на здрави намирници и органска храна со кои ќе можете да ја адаптирате исхраната токму на вашиот животен стил.

Симона Коруновска

Според Симона, дефиницијата за „најдобра храна“ се разликува кај секого индивидуално, поради различните специфики на организмот кај секој од нас, крвната група, алергиите на храна и слично. Но, дефиницијата за здрава органска храна останува секогаш иста. Затоа, таа на нејзиниот Инстаграм профил започна со нов предизвик: 7-дневен dmBio предизвик со органска храна од dm, во кој секој нареден ден ќе подготвува вкусни рецепти со здрави состојки. Првиот избор падна на кремаст тофу врап, подготвен со краставица, агаве и малку шрирача. Нејзиниот рецепт можете да го погледнете на видеото подолу:

Најлесниот начин да се осигурате дека оброкот кој го јадете е здрав и добар за вас е ако состојките кои тој ги содржи се органски одгледани и полни со нутриенти. Од таа причина е секогаш најдобро самите да ги одбирате намирниците за ручек. Првото правило е да не се препуштате на случајноста, а второто секогаш да одбирате доверливи одгледувачи и производители на храната која ја консумирате.

Голем избор на вкусна храна можете да најдете во dm, кој нуди органски квалитет по супер цени! Следниот пат кога ќе отидете во шопинг по намирници, побарајте ја ознаката dmBio – која означува дека производот е органски одгледан. Оваа ознака претставува гаранција дека производот доаѓа директно од природата, во формата каква што е одгледан и набран.

А доколку во следниот период одите во шопинг по органска храна, имајте на ум дека со секоја сметка над 999 денари за органски производи во dm, на каса добивате подарок книга со dmBio рецепти – за бескрајна инспирација во кујната! Никогаш не постоело подобро време да се храните здраво, вкусно и безгрижно.

dmBio книга

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 22638 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.