Маска за лице со птичји измет? Масажа со дијаманти? Релаксација со змии? Низ светот се нудат стотици луксузни и бизарни спа третмани. Еве само неколку од нив:
Маска за лице од 24-каратно злато
Целото лице се премачкува со слој од чисто 24-каратно злато. Златната маска би требало да ја подобри еластичноста на кожата и да го забави процесот на стареење.
Цена: 400 долари
Дијамантска масажа
За богаташите кои не се воодушевуваат од златни третмани, создадена е дијамантска масажа „Dream Girl“. За време на третманот дијаманти во вредност од 1 милион долари се поставуваат на грбот на клиентот и со нивна помош терапевт прави масажа за релаксација.
Цена: 25 000 долари
Дијамантски маникир
Дијамантскиот маникир на компанијата Cherish…Me ветува навистина гламурозен краен резултат. Дијаманти од вкупно 10 карати се поставуваат на врвовите на ноктите. Ова не само што се смета за првиот дијамантски маникир, туку најверојатно е и најскапиот маникир на светот.
Цена: 51 000 долари
Луксузна бања
Луксузната бања меѓу останатите состојки вклучува вода од глечери, морска вода извадена од 900 метри длабочина на Хаваи и 24-каратно злато.
Цена: 50 000 долари
Змиска масажа
Како што и претпоставувате, релаксирачката масажа ја прават змии, за среќа неотровни. Спа центарот кој ја нуди се наоѓа во Израел и тврди дека ефектот е незаменлив.
Цена: 80 долари
Маска за лице од измет од славеј
Тајната на порцеланската кожа на гејшите се крие во маска за лице со „uguisu no fun“, што во превод значи измет од славеј. Овој третман е популарен во Јапонија, но и славните лица од Холивуд, меѓу кои и Викторија Бекам, се воодушевени од ефектот.
Цена: 180 долари