Бес Купер вчера официјално беше прогласена за највозрасната жива личност на светот.
Бес е родена во 1896 година во Тенеси и има преживеано две Светски војни и Големата депресија. Во 1924г. таа се омажила за Лутер Купер кој починал 40 години подоцна.
Бес моментално живее во американската држава Џорџија и има 4 деца, 11 внуци, 15 правнуци, а еден од правнуците има свое дете.
До 105-годишна возраст г-ѓа Купер живеела сама, но тогаш здравствената состојба ѝ се влошила, а во последните неколку години и се влошиле и видот и слухот.
Кога во 2009г. го прославила својот 113 роденден, Бес била запрашана која е нејзината тајна, а таа одговорила: „Си ја гледам сопствената работа и не јадам брза храна.“