Да бидеме хумани и сите заедно да му помогнеме на Мартин Стојаноски повторно да може да застане на нозе и да игра фудбал.
22-годишното момче од Струга поради сообраќајна несреќа се здоби со тешка повреда на ‘рбетот и сега е врзан за инвалидска количка. Пред несреќата, Мартин беше голман во фудбалскиот клуб „Лабуништа“ и свиреше хармоника.
Неговото лекување е закажано во Москва, Русија, каде ќе прима терапија со матични клетки на секои три месеци, во рок од две години. За тоа, на семејството Стојаноски му се потребни околу 150.000 евра.
Бидете хумани и донирајте!