Почетна » Новости » Животни стории » Отворете го срцето: Да му помогнеме на малиот Ангел кој има конгенитална сколиоза од 66 степени

Отворете го срцето: Да му помогнеме на малиот Ангел кој има конгенитална сколиоза од 66 степени

Малиот Ангел Ацковски има потреба од наша помош. 2-годишното детенце има конгенитална сколиоза од 66 степени, која мора итно да биде оперирана за да му се овозможи правилен раст и развој.

Лекувањето на Ангел е планирано да се изврши во Турција, но неговите родители не можат самостојно да ги обезбедат потребните парични средства.

Ангел

Броеви за донации:

А1: 143-465

Телеком: 143-134

Сметка за донација

Ангел Ацковски

210700000661967
НЛБ Банка

За донации од странство

IBAN МК07210501748033266

Swift TUTNMK22

Линк за донации на GoFundMe. Ангел

Ве молиме, дозволете да ве запознаеме со оваа среќна душа и нашата приказна.

Нашиот син Ангел Ацковски има само две години и зад неговата среќна и весела насмевка се бори со живото-загрозувачка болест. Како предвреме родено бебе, во 28-мата недела од бременоста, му беше дијагностицирана сколиоза со искривување од 66 степени, која мора медицински да се лекува за да се избегне прогресија или какви било дополнителни компликации.

Постои голема веројатност болеста да напредува и да му нанесе поголема штета на неговото тело што ќе биде опасно по живот.

За да може да се оперира, за да има нормален живот, со нормален раст и развој, Ангел треба да помине низ бројни третмани. Сепак, препорачаниот дневен третман, како и патувањата и трошоците за рехабилитација се многу скапи и ние како родители не можеме да си го дозволиме тоа. Ова е причината поради која ни е потребна вашата помош!

Ангел моментално е на посебна домашна нега што, исто така, повлекува трошоци. Тој целосно зависи од нас. За жал, неговата состојба има негативен напредок секој ден. Ова е реалноста со којашто се соочуваме од денот кога се роди Ангел. Истоштени сме финансиски, физички и емоционално и потребна ни е секоја мала помош и поддршка која можете да ни ја дадете.

Ве молиме донирајте за нашето патување да продолжи и нашата приказна да има среќен крај.

Ангел

Конгениталната сколиоза е тип на вроден дефект, којшто влијае врз развивањето на 'рбетот и може да предизвика и други проблеми како аномалии на срцето и бубрезите.

Posted by Pale Ackovska on Friday, February 5, 2021

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20802 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.