Се сеќавате на Квејден Бејлс? Момчето, кое беше брутално малтретирано поради џуџестиот раст, сега доби свое место во холивудски филм.
11-годишното дете ќе се појави во најновиот филм од франшизата „Mad Max“, насловен „Furiosa“.
Во 2020 година, светот го обиколи видео од Квејден, во кое тој плаче и повторува дека сака да се самоубие зашто бил малтретиран на училиште поради неговиот џуџест раст.
Емотивното видео стигна до многу луѓе, меѓу кои беа и бројни холивудски ѕвезди кои му дадоа поддршка. Прв беше Хју Џекман.
Оттогаш, животот на Квејден само се подобрува.
Режисерот на „Furiosa“, Џорџ Милер изјави: „Беше добро за нас и беше добро за него. Заврши одлична работа и има мала улога во ‘Furiosa’“.
Главните улоги во „Furiosa“ ги имаат Ања Тејлор-Џој и Крис Хемсворт.
По виралното видео, комичарот Бред Вилијамс собра 700.000 долари за да ги испрати Квејден и неговата мајка во Дизниленд, но семејството на Квејден ги пренамени средствата и ги донираше за хуманитарни цели.