Почетна » Новости » Животни стории » „Македонската Пепелашка“: 37-годишна девојка која пред 10 години изгубила сè има потреба од помош

„Македонската Пепелашка“: 37-годишна девојка која пред 10 години изгубила сè има потреба од помош

Некои судбини се претешки за да можат да бидат поднесени од една личност. Таква е судбината на „Македонската Пепелашка“. 37-годишната девојка пред 10 години изгубила сè на светот и останала сама, беспомошна и исплашена.

По смртта на мајка ѝ, 21-годишниот брат и очувот, оваа девојка останала без родини, без пријатели, без пари, без разум. Таа 7 години живеела во катастрофални услови, без струја и вода, а за неа се грижеле само соседите. Најмногу ја погодила смртта на брат ѝ, кој починал во сообраќајна несреќа и кој веројатно бил погребан како бездомник, бидејќи таа се изгубила кога ѝ кажале за несреќата и 10 дена седела затворена дома несвесна што се случува.

Потресната приказна за „Македонската Пепелашка“ на Facebook ја сподели Верче Крстевска, која заедно со Здружението на граѓани „Стопли Срце“ секојдневно работи во домот на девојката за да ѝ обезбеди основни услови за живот. Таа сподели и фотографии од мизерните услови во кои го затекнале домот на девојката.

Македонската Пепелашка Македонската Пепелашка Македонската Пепелашка Македонската Пепелашка Македонската Пепелашка Македонската Пепелашка

Благодарение на Верче и редица хумани граѓани, „Македонската Пепелашка“ веќе има струја и чист дом, но ѝ е потребен мебел и средства за живот.

Хуманата Скопјанка повикува секој кој може да донира, да го направи тоа. „Да ја направиме нашата Пепелашка повторно принцеза, заслужува верувајте. Пепелашка, ќе бидеш принцеза, ти ветуваме. Не си веќе сама“ – пишува Верче.

Отворете го вашето срце и донирајте!

Сметка за донации: 270072685480143
Здружение на граѓани "Стопли Срце" / Стопли Срце / Ngrohë zemër/ Warm A Heart
За донација од странство:
IBAN: MK07270722000030435
HALKBANK

https://www.gofundme.com/help-save-meri-from-misery

Еве ја нејзината објава во која е раскажана животната сторија за несреќната Македонка:

Кога судбината ќе реши да си поигра со нечиј живот, кога од највисоката скала ќе ве закопа во најдлабоката дупка, кога ќе ви ја одземе сè за што сте живееле, кога ќе би ја одземе и последната надеж, кога ќе ви ги одземе најмилите, кога остануваш сосема сам, беспомошен и уплашен, е тогаш и мозокот откажува и разумот ве напушта... Тогаш останувате сами на себе со својата проклета судбина, а луѓето започнуваат да ве бркаат и да се подбиваат со вас, без воопшто да се запрашаат што довело до оваа ситуација.

Ова е приказна за една 37-годишна девојка, која до пред десетина години имала нормален живот, имала семејство, имала дечко, имала пријатели, имала сè што имаме сите ние! Имала... Сега веќе нема ништо. Нема ни разум. Шокот од трагедиите кои следувале една по друга ѝ го земале разумот на оваа девојка. Она што знаеме е дека мајка ѝ ненадејно починува од канцер. По кратко време, нејзиниот брат страда во сообраќајна несреќа и останува да живее на апарати и парализиран. За жал и тој ја губи битката по некое време и починува. Останува само очувот, кој исто така по кратко време починува. Ете тука некаде настанува нервниот слом кај девојката и судбината си го зема данокот. Оваа девојка дечки, која до вчера била лепотица (многу е убава), останува сама самица, без никој и без разум. Како налудничава талка по улици, се храни од кој што ќе даде, облечена во алишта кои ѝ останале.

Пред 2-3 години, случајно по еден инцидент, девојката ја сместиле во ментална институција каде поминува неколку месеци. Поставена е дијагноза и дадени се лекарства. Со помош на лекарствата девојката е во многу добра состојба сега, не е потполно излечена, меѓутоа болеста е под контрола и девојката изгледа сосема нормално. За неа се грижат соседите овие години, но за жал, тие ќе се селат за кратко време и повторно ќе остане без услови за живот. Таа нема ни телефон за социјалните служби да ја контактираат.

Девојкава има стан од очувот без регулирани документи каде што живее. Живее во животински услови и без струја повеќе од 7 години! Броилото е извадено и затоа апелираме до ЕВН или надлежни да ни излезат во пресрет и да постават ново броило. Водата е затворена од вентил. Девојкава прима само пари за нега, ниту социјално, ниту каква било друга помош. Долгот за струја е 14.000 денари, за вода уште не знаеме колку должи. Сметката е блокирана. Тука ќе ги повикаме и социјалните служби да ни излезат во пресрет и да издејствуваме социјална помош. Отец Оливер Петровски и неговата хуманитарна организација „Свети Спас“ најде паркет и поликолор за станот. За сè друго ќе ни требате вие мој народе! Хуманитарната организација „Стопли Срце“ ќе ги собере финансиските средства и заедно со Отец Оливер Петровски и волонтери ќе пробаме да ѝ овозможиме нормални услови за живот! Исто така ќе замолам да се јави забар кој би сакал да ѝ ги поправи забите, бидејќи има големи болки.

Никој не знаеме што ни носи иднината, да не даде Бог на никого вакво зло!

Ајде Македонијо заедно да ја запреме оваа 10-годишна голгота на девојката! Да ѝ ја олесниме болката. Ајде ние заедно да ѝ ја скроиме новата судбина! Да ѝ направиме нова судбина со нов почеток! Да ѝ ја вратиме насмевката. А вреди да ѝ ја вратиме насмевката верувајте, како ангел е убава!

Претходно, во април, Верче извести за текот на акцијата и сподели нови фотографии од живеалиштето на девојката.

После повеќе од 7 години, конечно светна светло во домот на девојкава! Херојот за ова е Марга од ЕВН!

Во станот веќе не е темно, полно е со смеа и со луѓе, влегуваат-излегуваат, носат материјали, вадат ѓубре, носат пакети плочки, санитарии, паркет... мајстори, молери, плочкари, жени што чистат, сите се знаеме веќе, со зезање и со смеа работиме сите! фала ти мој народе што си хуман!!! Продолжете да донирате и помагате, а јас ќе ви ставам нови слики! Уште многу работа нè чека, затоа останете со нас, ни треба вашата поддршка. Доктор Битраков и неговата стоматолошка ординација ја превземаа девојката. Исто така се јавија фризери, шминкери, кои ќе се потрудат да ѝ го вратат сјајот откако ќе средиме сè!

Радувај се Македонијо, имаме хуман народ!

Одиме понатака, останете со нас!

Еве фотографии од реновирањето.

Македонската Пепелашка Македонската Пепелашка Македонската Пепелашка Македонската Пепелашка

Видеа пред и потоа

Минатиот месец, Верче сподели нова објава за девојката и извести дека реновирањето на живеалиштето е при крај и сподели нови трогателни информации за неа. Финансиски средства се сè уште потребни. Таа напиша:

Драги луѓе, приказната за Македонската Пепелашка со најтажна и потресна приказна е при крај. Она што го дознав овие месец дена додека работевме во станот ми го искина срцево. Дознав дека кога ѝ кажале за смртта на брат ѝ и ѝ рекле да оди да го подигне телото, 3 дена седела заклучена дома и гледала во ѕид не сакајќи да ја прифати вистината. 3 дена телефонот ѕвонел, 3 дена пробувале да ја најдат, доаѓале на врата, тропале итн., но никогаш не успеале да ја најдат. Го погребале брат ѝ на 21 година најверојатно како бездомник. Не знае каде му е гробот, никогаш не прашала, бидејќи од овој момент тотално се изгубила. Десетина дена седела така затворена, несвесна што се случува. Нејадена, несвесна, со крв по нозете (женски работи) изгубена во реалноста. Македонската Пепелашка која го погреба целото свое семејство за 4-5 години. Останала сама самица на светов. А некогаш имала сè. Да не даде Господ никогаш на никого вакво зло!

Епа дечки сега нè има нас! Сите нас! Otec Oliver Petrovski, Dimitar Kratovski, Ivica Manasievski, Jovana Nanovski, Pavel KozarovskiDarko Cvetkovski, Dalibor Cvetkovski Goran Petkovski и многу други мајстори ја оставивме душата во станот. Работевме некогаш до 3 сабајле, бидејќи сите доаѓавме после работа. Капнати и уморни ама среќни поради тоа што знаевме каде работиме.

Нашата Пепелашка не сфаќаше што се случува и мислам дека уште не е свесна дека тоа е НЕЈЗИНО и го направивме за НЕА! Не е свесна дека веќе не е сама!

За жал, иако пуштивме струја, уште седи во темница. Иако има машина, уште не пере, иако има туш-кабина, страв ѝ е да се бања. Годините самотија и подбивање, зјапање во ѕид во темница го направиле своето за жал. Депресија е мал збор за ова дечки. 7-8 години живот во животински услови не се брише лесно.

Ние нема да дигнеме раце од неа, така си ветивме сите. За жал, финансиски средства тешко се собираат кога нема донациски броеви. Затоа ве замолувам да донирате овде и да направиме еден фонд со кој ќе се грижиме за неа додека не успееме да ја кренеме на нозе да почне да оди со крената глава! Да ја направиме нашата Пепелашка повторно принцеза, заслужува верувајте!

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20838 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.