Марга Велеска целиот свој живот страда од церебрална парализа, а за подобрување на нејзината здравствена состојба, има потреба од наша помош.
Првата операција таа ја направила во 2005 година, а во 2016 година, започнала и лекување со матични клетки, кои со секој изминат третман, помагаат да се подобри нејзината состојба.
До целосно исправување на нозе, ѝ се потребни уште две операции.
За секој третман во Русија, со вклучени патни трошоци, Марга плаќа по 6.500 евра.
Отворете го срцето и донирајте!
Телефонски броеви за донации
T-Mobile: 143 114
А1: 143 487
Апел за помош на Марга ни испрати хуманата Верче Крстевска. Прочитајте го:
Марга има да ви каже нешто.
„Жива си, а не живееш... Се смееш, а плачеш во душата... Имаш пријатели, а затворена си во својата самотија, осаменост и тага... Сакаш да трчаш, но паѓаш....“
„На овие години сакаш да имаш некој што те сака, сакаш деца да ти трчкаат околу тебе, сакаш некој да ти рече „мамо“, сакаш семејство и нормален живот, сакаш, сакаш многу работи што се нормални и секојдневни и постојат за сите, но не и за тебе...“
„Сè што сакаш е да имаш живот, а имаш само болници и лекови (суплементи, витамини, додатоци во храна итн.) откако знаеш за себе... На овие години зависиш од родителите кои сè уште се тука, за среќа, но што после нив и како?“
Ахх, овој живот луѓе... Марга вика: „Знаеш колку пати сум паднала, ехеее, на тротоар, во маркет, на улица итн. и луѓето ќе те погледнат и си викаат ќе стане де, а јас не можам да станам, раката не ми функционира да се потпрам за да станам, ногата ми откажала, затоа и паднав. И некогаш седам така падната и едвај собирам сили да не се расплачам на цел глас и да им викнам ПОМОГНЕТЕ МИ, не можам сама! И се мачам да станам, седам така и се трудам да не ги гледам луѓето што ме одминуваат, се трудам да не се самосожалувам, се трудам сама да се исправам, а знам дека не можам, некој мора да ме крене во тие моменти кога ми откажува телото... А во себе вриштам и плачам!“
Вака Марга го живее својот живот секој ден, падни-стани... И после толку паѓања, стотици пати раскрвавени колена и преживеан потсмев, задржани солзи кога ти се вришти, конечно има надеж! Сега е речиси исправена. Стои речиси сама, не се држи веќе за ништо... После неколку операции, конечно животот добива смисла!
Фалат уште 2 операции и толку! Нема да има веќе паѓање, нема самосожалување, уште многу малку има за Марга да застане сама, да се исправи и да го почне животот сама и горда на себе после 32 години. Некогаш вреди да се бориме со сите сили, вреди да веруваме, вреди да имаме надеж!
Марга веруваше во себе, да веруваме сега и ние во неа и да ѝ помогнеме!
Уште 2 операции и крајот на голготата е тука.
Марга, држи се, одиме на претпоследната операција. Издржа дотука, издржи уште малку. Народот сака вакви јунаци како тебе, ни ја враќаш волјата за живот и вербата во невозможното!
Нема веќе паѓање, со тебе сме ние!
Одиме другари, за живот без паѓања и за ново поглавје во животот на Марга!
Т-Mobile: 143 114
А1: 143 487
Глава горе Магра, избриши ги солзите и погледни во сонцето, со тебе сме!
Од крвави коленици, до живот на нога. Уште 2 чекори нè делат!
Маргич, го имаш народов, а со тоа имаш сè. Овој народ е можда сиромав, ама има срце ко планина!
Одиме другари, сите заедно!
Марга има свој YouTube канал каде споделува видеа од напредокот.