Македонската јавност реагираше со револт на веста дека 14-годишна ученичка била полесно повредена откако нејзини врсници ја фрлиле низ училиштен прозорец.
Денес, „Види Вака“ на Facebook објави снимка на која се гледа како изгледа опасната „игра“:
Александар Филипчев, директорот на ОУ „Ѓорѓија Пулевски“, каде девојката била повредена, вчера го нарече фрлањето низ прозорец „непромислена игра“ и објави дека тоа се случувало две недели без знаење на наставниците. Тој, исто така, потенцира дека сите ученици изразиле жалење и се извиниле за нивните постапки.
„Уште еднаш апелирам до јавноста да не суди пред време, туку да покаже разбирање за настанот, бидејќи сепак, станува збор за 14-годишни деца, кои длабоко се покааја за слученото“ - изјави тој за Фокус“.