Горазд Арсовски има можност да прогледа, но за да му се оствари таа голема желба, има потреба од помош.
12-годишното момче, чиј вид е 90% оштетен, за само неколку дена треба да замине во Русија на операција на очните нерви со вградување на импланти на истите. За овој хируршки зафат, на неговото семејство му се потребни 6.000 евра, од кои половина веќе се собрани.
Остануваат само уште два дена за донации:
Телефони за донации:
Жиро сметка: 210700000653043
Банка: НЛБ Банка
„Додека сите деца надвор си играат, трчаат и се бркаат, едно детенце само стои на страна, се држи за оградата и ги слуша другите деца како џагорат и се смеат. Сака и тој да им се придружи во играта, но не може кутрото бидејќи не гледа. Ова детенце е Горазд и има 12 години. Откако е роден па сè до сега, ова душиче помина низ безброј операции. Неговиот вид е 90% оштетен.“
„Горазд ги знае сите другарчиња во маало, ама никогаш ги нема видено, ги опипува по глава и ги препознава по глас. Неговото помало братче го води за рака кога ќе излезат и му вели: ‘Еве стој тука малку, држи се за оградава, да поиграм малку’. И така секој ден 12 години’. Горазд само стои и ги слуша децата како играат и трчаат.“
„Сега конечно има шанса да си ги види другарчињата, да ги види мама и тато како изгледаат, да си го види братчето што го чува и конечно и тој да се растрча со децата.“
„Неговата мајка кутрата сама пишала апел за помош, но без нас нема да успеат да ги соберат парите. Потребни се 6.000 евра за операција во Русија. Има само неколку дена до операцијата. Ајде сите заедно да му помогнеме на Горазд конечно да си ги види родителите и другарчињата“ – стои во постот на нивна семејна пријателка.