Несреќа при работа целосно му го промени животот на младиот Јован Ивев.
Неговата сестра накратко раскажа за несреќата и ги повика хуманите луѓе да донираат:
Ве молам споделувајте!
Драги пријатели, се работи за мојот брат Јован Ивев кој има 24 години. На 23.09.2019 година како возач на камион имаше несреќа при истовар на роба во Ротердам, Холандија.
При истовар врз него се паднати метални цевки од околу 2.500 кг. Металните цевки му ги нагмечиле главата, градниот кош, абдоменот, карлицата и нозете.
Отстранувањето на цевките траело долго при што тој е останат без кислород и реакција на срцето. По пристигнување на брзата помош тој е реанимиран и после неколку минути вратен во живот.
Во болницата во Холандија е лекуван 3 месеци по што е испратен во Македонија за понатамошно лекување.
Поставена му е дијагноза Dg. QUDRIPARESIS. St. Post. Plytraumatismus.
За понатамошно лекување во моментов ни се потребни средства од 10.000 евра за алтернативно лекување, односно роботска неурорехабилитација, физикална и интерна терапија, рехабилитација и негово закрепнување во Поликлиника Неуромедик Ниш, Србија.
Во моментов тој е неподвижен, ве замолувам за помош за тој да се исправи на нозе.
Броеви за донација
143 138 (Македонски Телеком)
143 777 (A1)
Сметка за донација
250014000660205 Sparcasse Banka
Јован Ивев
Сметка за донација од странство
Acc. No 02-307-06574978
IBAN MK07300307065749778
SWIFT KOBSMK2X
Sneza Iveva