Почетна » Новости » Актуелно » „Ќе ни недостигате“: Марш на дечиња од ОУ „Исмаил Ќемали“ во чест на соучениците кои беа жртви во несреќата во Бугарија

„Ќе ни недостигате“: Марш на дечиња од ОУ „Исмаил Ќемали“ во чест на соучениците кои беа жртви во несреќата во Бугарија

Ученици од основното училиште „Исмаил Ќемали“ излегоа на марш и положија цвеќиња во чест на петте соученици кои починаа во трагичната сообраќајна несреќа во Бугарија.

Две деца од деветто оделение, едно дете од осмо одделение, едно дете од шесто одделение и мало девојче од второ одделение се младите лица чии животи згаснаа во запалениот автобус на автопатот „Струма“.

Учениците чекореа од ОУ „Исмаил Ќемали“ до плоштадот „Скендербег“, а некои од нив држеа транспарентни со пораки.

„Ќе ни недостигате“, „Секогаш во нашите срца“, „Соништата се претворија во пепел“ и „Чувајте ги нашите спомени со вас“ – се нивните пораки.

пораки

По пристигнувањето на плоштадот, заедно со дел од нивните учители и директорката, неколку девојчиња прочитаа свои говори.

„Во спомен на овие ученици, младите лица кој трагично ги загубија животите, сакам да им пренесам на моите врсници дека болката и солзите секогаш ќе бидат присутни во нашите срца. Единствено нешто што ќе ги одржува живи овие деца се спомените кој нè поврзуваат со нив, затоа не се впуштајте во морето на тагата. Обидете се да останете силни и да ја обединиме нашата сила“ – вели едно од девојчињата.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19785 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.