Бесплатно шминкање од познатите makeup артисти:Миа Арабаџиева, Фрози Фран, Зорица Николова и Косич студио, подароци, забава со DJ, дружба со инфлуенсери, дегустација на органски dmBio закуски... минатата сабота дм дрогерие маркт ја обои во шарени, есенски бои со инспиративниот настан„Мојот свет останува шарен. Храбро, разиграно, во боја.“ во Еast Gate Mall.
Со доаѓањето на есента, природата ни ги открива убавите бои, а оваа сезона истите ги пренесуваме на очите, усните, лицето, ноктите.Во раскошни бои и различни makeup искуства на едно место, уживаа присутните на шарениот dmBeauty настан ,,Мојот свет останува шарен. Храбро, разиграно, во боја“, кој се одржа во саботата, на 28 октомври, во East Gate Mall.
Сите заинтересирани дами кои присуствуваа имаа можност да го свртат шареното тркало и да добијат подарок или бесплатно шминкање од познатите makeup артисти: Миа Арабаџиева, Фрози Фран, Зорица Николова и Косич студио во тренди боите на есента: viva magenta, red orange, silver и gold. Настанот беше потполно доживување за сите сетила, па сите присутниво забавна атмосфера имаа можност и да се сликаат во Instagram катчето, како и да ги дегустираат сензационалните органски dmBio закуски.
„За многумина, есента отсекогаш била полна со инспирација. Овој шарен настан нѐ направи многу среќни затоа што им дадовме шанса на голем број на дами да заблескаат во боите на есента. Преку дружба и забава, сите заедно кажавме ДА за новите makeup трендови и понесовме со нас прекрасни впечатоци!“ – изјавуваат од компанијата.
dmBeauty евентот е заокружување на едномесечната октомвриска кампања на дмдрогерие маркт, која беше посветена на makeup трендовите за оваа есен. Овој настан е уште еден показател за тоа дека дм дрогерие маркт важи за компанија која успешно ги поставува makeup трендовите години наназад, а со полна пареа продолжуваат и понатаму да ги слушаат интересите на купувачите, за што поуспешно задоволување на сите нивни потреби!