Почетна » Новости » Актуелно » Успешно заврши првата „Трка на поезијата“ во Струга

Успешно заврши првата „Трка на поезијата“ во Струга

Под мотото „Трчаме рецитираме“, денеска во Струга се одржа првата „Трка на поезијата“ на која учествуваа 620 натпреварувачи на пет и на 10 километри, во организација на Здружението „Спортски мостови“.

Организаторите се задоволни од настанот, кој првпат по три децении се одржа на струшките улици.

Трка на поезијата

– Поминавме одлична трка, со оглед на фактот дека по 30 години првпат се организира трка во Струга. Коментарите се позитивни и кај учесниците, но и меѓу стружани. Доследно се почитуваа и препораките за заштита од Ковид-19, изјави Мими Стојаноска од Здружението „Спортски мостови“.

Победник на 10 километарската траса беше Милош Ранчиќ во машка и Билјана Караџиева во женска конкуренција, втори беа Миомир Алексовски и Весна Караџиева, а третото место им припадна на Александар Караџиев и Сандра Арсовска.

Трка на поезијата

На пет километри победници беа Христијан Ивановски во машка и Николина Милевска Вељановска во женска конкуренција. Атанас Епов и Екатерина Кукоска беа второпласирани, а трети до целта стигнаа Грегоријан Никовски и Славица Игнатовска.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19812 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.