Над 40% од посетите на дерматолози се поврзани со сува кожа. Може да се појави било каде на телото, но најчесто се засегнати рацете, стапалата, колената, лактите и лицето, бидејќи овие области почесто се изложени на надворешни фактори кои можат да ја влошат нивната состојба (како студеното време). Сува кожа има и на лицето.
Сувата кожа може да ја чувствуваме затегната и груба. Кога кожата на телото е многу сува и дехидрирана, таа може да се чувствува затегната, груба, се перута и чеша. По тоа ако кожата не се негува соодветно јадежот може да се интензивира, па дури и да се појават и пукнатини на кожата.
Делови на телото засегнати од сува кожа
Сува кожа на телото често се појавува во пределот на шаките, стапалата, лактите, колената и глуждовите. Сувата кожа на стапалата е честа појава што води до распукани пети. Посериозното распукување може да предизвика болка и воспаление.
Сувата кожа може да е поврзана и со определени заболувања:
Ксероза е медицински термин за сува кожа. Тој доаѓа од грчкиот јазик каде што "xero", означува "сув", а "osis" означува "болест".
Кератозис пиларис (уште позната и како кокошкина кожа) е состојба којашто често се среќава при сува кожа. Предизвикана е од натрупувањето на кератин во влакнениот фоликул. Најчесто засегнати зони на кожата се грбот и рамената, коишто се покриени со бројни мали бели и лесно црвени дамки. Кожата е на допир груба и рапава.
Атопичен дерматитис и псоријаза исто така се поврзани со сува кожа. Обично кожата при тие состојби изгледа на места црвена, се перута и води до појава на интензивен јадеж.
Метаболните заболувања како дијабетес и заболувањата на бубрезите, исто така можат да го зголемат ризикот од сува кожа.
Нега за сува кожа на телото
Причина за сува кожа е нарушувањето на нејзината бариерна функција, што води до загуба на влага и намалена способност на кожата да задржува влага, а како резултат на недостаток на хидратантни фактори (NMFs). Ете зошто сувата кожа има потреба од режим на нега којшто ќе ја заштити од дополнително влошување на состојбата на кожната бариера и ќе ги надомести намалените количини на природни хидратантни фактори (NMFs).
Сувата и многу сувата кожа, како и сувата кожа при атопичен дерматитис, диабетес или псоријаза има потреба од нега со соодветни производи, разработени во зависност од нивото на сувост на кожата. При изборот на производ за нега на детска кожа, секогаш проверете ја препорачаната возраст или консултирајте се со фармацевтот или лекарот.
Препораки за нега на сува кожа на телото
Миење на сувата кожа на телото
Најчестата причина за сува кожа се должи на нарушувањето на природната бариера на кожата. Производите со алкални состојки можат да го нарушат заштитниот слој на кожата, па затоа е важно производот за измивање да е доволно нежен и да ја потхранува кожата. Дополнителните природни хидратантни фактори (NMFs) како на пример уреата, исто така помагаат да се обнови балансот на вода во кожата.
Хидратација на сувата кожа на телото
Првото барање кон хидратирачките супстанции за сува кожа е да го обноват балансот на вода во горните слоеви на кожата. Уреата, лактатот и други природни хидратирачки фактори се врзуваат со водата во рожнатиот слој (горниот слој на кожата). За груба и сува кожа, концентрација на уреа од 5% е доволна. При многу сува и распукана кожа која се перута и чеша, неопходно е користење на повисока концентрација на уреа - 10%. Линијата Eucerin UreaRepair PLUS за сува кожа содржи креми и лосиони, за раце и стапала со 5% и 10% концентрација на уреа.
НОВО! Деликатниот мирис на новите ароматизирани производи во линијата Eucerin UreaRepair PLUS - Eucerin UreaRepair PLUS Парфимирана пена за туширање за лице и тело и Eucerin UreaRepair PLUS Парфимиран лосион за тело со 5% уреа, комбинираат докажана ефикасност со деликатен, смирувачки и нежен мирис за кожата, кон којшто сувата, чувствителна кожа има докажано добра подносливост. Можете да уживате во златната средина од мириси и нега без компромис.
Комерцијален текст