Водителот Зоран Кесиќ испрати моќна порака по големата трагедија во Кочани.
Популарниот комичар ја заврши својата емисија „24 минути со Зоран Ќесиќ“ со зборови кои не оставаат никого рамнодушен. Тој изрази поддршка, сочувство, љубов и солидарност со граѓаните на Македонија во најтешките моменти по пожарот во дискотеката „Пулс“.

Во одјавната шпица, Кесиќ полн со емоции рече:
Знаете дека на крајот од емисијата секогаш имаме некој бенд. Вечерва не мора да има музика, нека во душите ни засвири „Зајди, зајди“ или „Битола“ или мојата најдрага „Ајде слушај, слушај“, тоа преубаво и тажно нешто од коешто се ежиш и се потсетуваш на еден народ кој знае да пее, знае да се смее, знае да радува, знае да угости и каде секогаш си добредојден.
Се потсетуваш на една земја каде сонцето сјае и каде има едно езеро големо како море да не му се гледа крајот. Последната порака во вечерашната емисија нека биде за љубовта, солидарноста, поддршката и сочувството во големата болка која им се случи на нашите соседи, на нашите пријатели, на нашите браќа и сестри во Македонија по пожарот и незапаметената трагедија во градот Кочани.
Пријатели, денес патиме со вас, ќе го направиме тоа утре повторно, уште погласно ќе пееме со вас. За Македонија.