Почетна » Новости » Актуелно » Секое дете заслужува компјутер: Хуманитарна акција во корона-криза

Секое дете заслужува компјутер: Хуманитарна акција во корона-криза

Последиците кои ги предизвика пандемијата, како здравствени, така и финансиски, но и од социо-емоционален аспект, ги чувствуваме сè повеќе.

И во второто полугодие од тековната учебната година, наставата продолжува да се одвива онлајн.

Бројот на ученици кои немаат основни средства за следење на онлајн настава - уреди или интернет пристап - не е занемарлив и истиот расте со секој изминат ден.

Во едно вакво кризно време, покрај сите потешкотии кои нè опкружуваат, една од светлите точки е фактот што постојат хуманитарци, луѓе кои помислуваат на оние помалку среќните од себе.

Неодамна бевме сведоци на една хумана и несебична иницијатива од една млада фирма која со самото појавување на пазарот одлучи да направи некаква промена и да направи една добротворна акција за донирање на компјутери.

За што всушност станува збор?

„Со самиот старт на фирмата пред скоро 5 месеци и веќе постоечката ковид-криза, одлучивме да започнеме донаторска акција за децата чиишто родители не можат да си дозволат купување компјутер/телефон/таблет" - вели Панче Поп Глигоров, сопственик на Pantech Puretech. „Гевгелија, како еден од погодените градови од кризата, со прилично голема невработеност, ни беше мотивација да ја започнеме оваа донаторска акција во ова 'лудо време'“ - додава тој.

Со акцијата беа опфатени 19 лаптопи и компјутери и со употреба на сите функционални делови од нив, плус нарачка на нови компјутерски делови, се оспособија 16 компјутери кои се дадени во употреба и на лица кои беа пријавени во Центарот за социјални работи - Гевгелија.

На прашањето колку се задоволни од сето тоа, тој вели: „Како прилично млада фирма, сме задоволни од нашиот резултат и сметаме дека успешно ја реализиравме оваа акција, но сметаме дека можеме да постигнеме уште поголема бројка доколку добиеме компјутери или лаптопи со одреден дефект и истиот да го сервисираме и донираме. Со самиот раст на фирмата ќе ги зголемиме донациите затоа што нема нешто подрагоцено од детска насмевка и од тоа да се даде на луѓе кои имаат реална потреба од компјутер/телефон/таблет за следење на онлајн настава. Се надеваме дека ќе постигнеме ниво кога од стари компјутери ќе можеме да си дозволиме да направиме нови неупотребувани лаптопи/компјутери/телефони“.

Доколку имате стари уреди кои не ги користите, исконтактирајте го Панче и заедно со него бидете причина за насмевка на нечие детско лице.

податоци

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19756 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.