Почетна » Новости » Актуелно » „Самоуверени, достоинствени, еднакви“: Дамите од „Алкалоид“ се доказ дека кога жените уживаат еднаквост, сите добиваат повеќе

„Самоуверени, достоинствени, еднакви“: Дамите од „Алкалоид“ се доказ дека кога жените уживаат еднаквост, сите добиваат повеќе

Кршење на „стаклениот плафон“, креирање на бизнис средина во која жените имаат еднакви можности да го реализираат потенцијалот и преминување кон свет во кој хромозомот ипсилон не е фактор за деловен успех е искристализиран женски сон кој копнееме да стане јаве.

Иако во нашата држава генерално ни претстои долг пат до целта, надежта дека таа е реално достижна доаѓа од поединечни оптимистички примери кои веќе се на победничката линија.

„Алкалоид“ со децении наназад негува фер, инклузивна и флексибилна деловна култура. Силното лидерство, иновативноста, професионалноста и долгорочното планирање се само дел од многуте фактори пресудни за огромниот успех на компанијата, но меѓу нив е и ласерски прецизното фокусирање на вредноста на жените.

Веројатно позитивно ќе ве изненади фактот дека над 60% од вработените во македонскиот фармацевтски гигант се жени. Поконкретно, во базата во Скопје се вработени 1.832 лица, а 1.127 се припаднички на женскиот пол.

Сè побројните истражувања за улогата на жените во бизнис светот категорично укажуваат дека вклучувањето на жените во менаџирањето и работењето води до огромно подобрување на продуктивноста и задоволството на вработените, разнообразување на палетата на искуства и способности што генерира креативност, како и до зголемување на севкупниот успех на компаниите.

Во „Алкалоид“ очигледно сите тие заклучоци се акумулирани низ нивното 85-годишно постоење. Апсолутно неспорен е забрзаниот напредок на компанијата. Така, дури и во 2020-та, годината во која доминираше неизвесноста породена од корона-кризата и бизнис климата беше константно подложена на турбуленции, „Алкалоид“ не само што покажа дека е на стабилно тло, туку го продолжи континуираниот финансиски напредок и го зголеми „семејството“ со над 200 члена.

Четири од дамите кои посветено придонесуваат за унапредувањето на „Алкалоид“ застанаа во центарот на инспиративна кампања на Sattwa. Под мотото „Самоуверена, достоинствена, еднаква“, кампањата цели да ја подигне свеста за еднаквоста на жената во деловниот свет.

Алкалоид

Во пресрет на Меѓународниот ден на жената, Маја Стефкова, Теодора Јолакоска, д-р Сандра Чомовска-Мадевска и Маја Лазарова споделуваат моменти од своите индивидуални професионални, но и лични приказни.

Само со високи критериуми кон нови, повисоки достигнувања

АлкалоидМаја Стефкова, Менаџер за истражување, развој и регистрации во сегментот Билкарство

Уште за време на студиите на Фармацевтскиот факултет, моја најголема желба беше да работам во „Алкалоид“. Така и се случи.

Умешноста на селектирање и на креирање нови формулации за брендот Good Nature се дел од моето секојдневие, во кое несебично ги вложив своето знаење, искуство и експертиза. Креативноста и размената на идеи во компанија во која над 60 % од вработените се жени се катализатор на продуктивноста и на иновативноста во процесите. Поставените високи критериуми ме водеа напред кон нови, повисоки достигнувања.

Во сите мои деловни потфати моја најголема поддршка е моето семејство.

Маја Стефкова

Секој ден е нов предизвик, а мојата цел е да направам позитивна разлика

АлкалоидТеодора Јолакоска, Референт за бизнис-планирање, контрола и известување

На работното место секое утро доаѓам со позитивен став и со огромна желба да научам некоја нова вештина или да совладам нов предизвик. Во динамичното работно опкружување учам од искуството на другите, а како рамноправен член на тимот секогаш се трудам со својот придонес да направам позитивна разлика.

Жената во бизнис-заедницата повеќе не е тема која предизвикува сомнежи. Жената во бизнис-заедницата покажа знаење и достоинство храбро да се соочи со предизвикот на рушење предрасуди.

Теодора Јолакоска

Одговорна, самоуверена и повеќе од еднаква!

Алкалоидд-р Сандра Чомовска-Мадевска, Раководител на Одделот за глобална фармаковигиланца

Комплексната проблематика на мојот делокруг на работење бара следење на најновите достигнувања во медицината и нивна примена во развојот на производното портфолио на „Алкалоид“. Излегувањето од зоната на комфорот и соочувањето со ситуациите во кои треба да застанам исправено, да поместам граници и да покажам став се дел од моето секојдневие.

Вербата во себе, вложувањето во сопствениот напредок, истрајноста, посветеноста и можноста деловно да се надоградувам во средина во која се ценат моите способности му даваат тежина на секој епитет кој го носи жената денес, не само како колега туку и како мајка, сопруга, ќерка, пријателка…

д-р Сандра Чомовска-Мадевска

Фокус, дисциплина, посветеност и упорност

АлкалоидМаја Лазарова, Раководител на Одделот за пакување лекови во ПЦ Фармација

Прецизноста, концентрацијата и дисциплината се главните одлики на мојот работен ден. За мојата работа потребен е максимален фокус и цврста желба за приспособување на динамичното секојдневие. Научив дека пред секој предизвик мора да застанам одлучно, а посветеноста и упорноста се максимите кои ме водат напред.

Успеав да ги сплотам големината на својата улога во семејството и одговорноста во средината во која работам. Големината на својата мисла и на сопствениот глас во целина која ме прави повеќе од еднаква!

Маја Лазарова

Успесите на „Алкалоид“ и моќните пораки од дамите кои со амбициозност, страст и решителност придонесуваат компанијата да се движи напред се силна лекција дека кога на жените им се дава шанса, кога се во средина во која уживаат еднаквост, сите се победници.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19756 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.