Прекрасна фотографија од балкански рис направена на Галичица деновиве се распространува на интернет.
„Ретко е да се фати животното користејќи фотозамка поставена за научни цели. Сепак, оваа камера успеа да направи речиси совршена снимка од ова младенче кое шета низ недопрените шуми на НП Галичица во Северна Македонија“ – стои во описот на фотографијата споделена на профилот Balkan lynx.
Камерите се наменети за следење на активностите на срните и другите животни во Националниот парк „Галичица“.
Рисот се смета за најголема мачка на нашиот континент. Балканскиот рис, како најзагрозена популација на рис во светот, исклучиво ги населува шумите на Македонија, Албанија и Косово.