Почетна » Новости » Актуелно » Почина Исидора Бјелица на 52 години по долга битка со рак

Почина Исидора Бјелица на 52 години по долга битка со рак

Писателката Исидора Бјелица ја изгуби мачната битка со ракот. Имаше само 52 години.

Смелата авторка со авангарден стил починала во станот на нејзините родители во главниот град на Србија како последица на рак на јајници.

Искрена и контроверзна, храбра и отворено ранлива, Бјелица со десетици дела освојуваше огромна публика, а во последните години од животот, неретко зборуваше за физичката и емотивната страна на борбата со смртоносната болест.

Исидора Бјелица

Неодамна таа ѝ се обрати на јавноста со трогателната порака: „Мислев дека можам сама. Но, ова се толку језиви физички и психички болки што ќе ве замолам да го замолите драгиот Христос да прости и да ја заврши оваа агонија. Сè што беше во моја моќ, јас го пробав, но за што ми послужи? За ништо...“.

Бјелица е родена на 10 декември 1967 година во Сараево каде се школува до завршувањето на средното образование. Во однос на продолжување на едукацијата, нејзин избор беше Факултетот за драмски уметности во Белград на кој и магистрира.

Исидора Бјелица

Во брак беше со Небојша Пајкиќ со кого има две деца – синот Лав и ќерката Вила.

Нејзиниот син со црно-бела фотографија ѝ оддаде почит по смртта.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19740 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.