Во Португалија отсега е нелегално работодавачите да ги контактираат вработените по завршувањето на нивното работно време.
Според новите измени, компаниите се соочуваат со казни доколку комуницираат со работниците надвор од времето зацртано во нивните договори. Целта е да се врати балансот меѓу личниот и професионалниот живот на граѓаните кој сериозно беше нарушен од пандемијата, кога голем број работници беа принудени да работат од дома.
Компаниите исто така треба да помогнат во исплаќањето на дополнителните трошоци предизвикани од работењето од дома, како повисоки сметки за електрична енергија и интернет. Вработените можат да ги запишат овие плаќања како работни трошоци.
Добри вести доаѓаат и за родителите со мали деца. Тие сега имаат право да работат од дома додека нивните деца да наполнат 8 години.
Кога е во прашање борбата со осаменоста кај работниците, работодавачите се задолжени да имаат работни состаноци „лице в лице“ со вработените најмалку еднаш на два месеци.
Споменатите измени нема да важат за компаниите со помалку од 10 вработени.