Почетна » Новости » Актуелно » Поводот е 8 Март... А ова се жени кои го прават светот подобар за своите пациенти

Поводот е 8 Март... А ова се жени кои го прават светот подобар за своите пациенти

Меѓународниот ден на жената треба да биде ден кога со почит се потсетуваме на храбрите и силни жени кои се решиле да пловат контра струјата, не се плашеле да подигнат глас во општеството кое тогаш им го попречувало патот за да ги остварат и нивните права и нивните соништа.

На пример, да се запрашаме колку во минатото жените можеле да станат лекари или специјалисти... да изберат професија која тогаш била „резервирана“ за мажите и да градат блескава кариера.

Систина Офталмологија ја зедовме како убав пример кај нас, затоа што таа е болница во која родовата еднаквост во корист на жените одамна е победена со над 60 проценти застапеност на сите нивоа на организација. Тие умеат да покажат како храбрите чекори во напредувањето во кариерата се случува кај нив во болницата, каква е секоја победа на нивните дами во здравството, што е само потврда дека тие инспирации за успех пронаоѓаат една од друга, знаат дека нивни е секој ден од годината за остварување на правата кои им припаѓаат и знаат дека сé е полесно кога се обединети и како жени и како составен дел на тој нивни голем и успешен тим.

Ги запрашавме жените докторки во Систина Офталмологија да ни откријат кои им биле најголемите предизвици во професијата.

Ова се 5-те инспиративни жени-докторки офталмолози кои со својата професија го прават ова место дефинитивно подобро за нивните пациенти.

Макпетрол

Д-р Билјана Костовска

Специјалист офталмолог со области од посебен интерес: рефрактивна хирургија, витреоретинална хирургија, хирургија на катаракта, пластика на капаци.

Д-р Билјана КостовскаД-р Билјана Костовска

Отсекогаш знаев дека ќе станам доктор, офталмолог и хирург. Најголемиот предизвик во оваа професија е конечниот исход на лекувањето. За мене тој најмногу зависи од односот кој ние како доктор ќе го изградиме со нашиот пациент. Секој пациент има различен стил на живот и различни потреби, но довербата е факторот кој создава позитивна енергија и пријатна атмосфера.

Пациентот кога е опуштен и сигурен, сė се одвива побрзо и полесно. Деталната анамнеза, очекувањата и желбите на пациентот се клучни за лекувањето. Од не помало значење е советот на докторот и начинот на кој ќе му се објасни болеста, интервенцијата и постоперативниот тек. Посветеноста на проблемот, реалноста на очекувањата кои што ги има и нивно разбирање се трите основни елементи на кои треба да се базира комуникацијата и процесот на лечење. Едноставно, во процесот на стекнување на доверба, колку што давате толку добивате за возврат.

Д-р Мирјана Саздовска

Специјалист офталмолог со области од посебен интерес: дијагностика и третман на болести на ретина, третман со ласер терапија, третман и хирургија на глауком, детска дијагностика.

Д-р Мирјана СаздовскаД-р Мирјана Саздовска

Со пациентите секогаш се обидувам да остварам позитивна комуникација преку која тие ќе го разберат процесот на лекување. Каков и да е проблемот со видот, тој за пациентот е доволно голем и вреден за целосно внимание. Многу често имам пациенти кои имаат и други системски заболувања кои во голем дел го отежнуваат лекувањето на проблемите со видот, и поради тоа, тие се почувствителни и ранливи, а тоа е навистина предизвик во работата како офталмолог. Тогаш многу внимавам на начинот на кој им ги соопштувам можностите за лекување и максималните очекувања во однос на подобрувањето на видот.

Многу внимание посветувам на тоа да ја прифатат состојбата, таква каква што е, а со континуирана грижа и третмани, со тек на време, заеднички ја пребродуваме. И покрај моето обемно искуство, сè уште предизвик ми е кога ќе имам некоја невообичаена и комплицирана дијагноза.

Д-р Фанка Гилевска

Специјалист офталмолог со области од посебен интерес: рефрактивна хирургија, дијагноза и третман на кератоконус, дијагностика и третман на болести кај лица со дијабет, медикаментозен третман на болести на ретината.

Д-р Фанка ГилевскаД-р Фанка Гилевска

Предизвик ми е и истражувачката работа. Таа произлегува од потребата да ги анализирам и моделирам протоколите на работа, но и од мојата систематичност во пристапот кон пациентот. Истражувањето води кон резултати кои потоа се користат во секојдневната работа и нè водат напред.

Многу од болестите може да се спречат пред да почне да се лекуваат. Секој пациент, има своја офталмолошка приказна, со која ќе дојде во мојата амбуланта. Патот до излекувањето е секогаш различен и секогаш одиме заедно. Едукацијата на пациентите, преку разговорите со нив, може да го избрише стереотипот дека на доктор се оди само кога си болен. Од друга страна, треба да се има доверба во докторот, дека нема по секоја цена да се наметне лекување или интервенција. Напротив, со пациентите заеднички доаѓаме до идеалното решение.

Д-р Викторија Филева

Специјалист офталмолог со области од посебен интерес: детска дијагностика и хирургија, третман на страбизам кај деца и возрасни, рефрактивна хирургија.

Д-р Викторија ФилеваД-р Викторија Филева

Ние сме ангели чувари на видот и да се биде офталмолог е навистина огромен предизвик, но истовремено и задоволство. Тоа е професија која што плени и секојдневно позитивно ме исполнува. Особено затоа што моите пациенти се најмладите. Офталмолошкиот преглед на детето е еден од најважните прегледи и е неопходен чекор за правилен развој на видот. Ако попречувањата не се откријат навреме, резултатите од лечењето во доцните фази се значително полоши.

Персонализираната медицина значи индивидуален пристап и единствен за секој пациент. Кај децата е најважно прегледот да го доживеат како забава и едукација. Довербаta и сигурноста на детето за мене е најважен услов за успешен преглед и дијагноза. Огромна мотивација и сила ми се и сите успешни приказни на среќни пациенти и нивните насмеани лица.

Д-р Александра Гочева – Јерчиќ

Специјалист офталмолог со области од посебен интерес: рефрактивна хирургија, дијагностика на очни болести, дијагностика и третман на состојби кај лица со дијабет.

Д-р Александра Гочева – ЈерчиќД-р Александра Гочева – Јерчиќ

Пациентите доаѓаат со очни проблеми и сомнеж дали ќе се најде решението за нивната состојба. Некои од нив и првпат се соочуваат со нивната дијагноза. Потребно е детално да им се објасни нивната состојба, каков третман е предвиден за тоа и кои се последиците доколку не се третира.

Приодот кон пациентите е во зависност од тоа какви емоции имаат. Најважно е да се надмине стравот и да се решат дилемите што тие ги имаат. Тоа може да се постигне само со отворен разговор во кој ќе преовладаат позитивните емоции. И покрај сите предизвици во работењето, од изборот на третман, договор за истиот и накрај како најголем предизвик е следењето на состојбата на пациентот по третманот, затоа што, иако е накрај, тоа е многу важен дел од крајниот позитивен исход за пациентот. Само со целокупен третман имаме завршено лекување или интервенција.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19765 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.