Музејот „Мадам Тисо“ во Сиднеј на сладок начин ја одбележа веста за втората бременост на Меган Маркл.
Откако поранешната актерка и принцот Хари открија дека очекуваат уште едно дете, тимот на музејот додаде трудничко стомаче на восочната фигура на Меган.
„За да ја прославиме веста за бременоста, денес ја одведовме Меган на трудничка фотосесија“ – напишаа во описот на фотографиите од „Мадам Тисо“.
Меган и Хари ја споделија веста за бременоста пред 4 дена со романтична фотографија.
Меган и Хари се родители на Арчи, кој во мај ќе наполни 2 години. Откако се откажаа од функциите во кралското семејство, тие живеат во Калифорнија.