Ан Лулије е меѓу од тројцата добитници на Нобеловата награда за физика.
65-годишната француско-шведска физичарка и професорка по атомска физика на Универзитетот Лунд е петтата жена која го има добиено ова признание во историјата. Таа доби громогласен аплауз од студентите по соопштувањето на убавата вест.
Погледнете ја нејзината реакција:
@goodnewscorrespondent A round of applause for the winner of the 2023 Nobel Prize in Physics. Students and colleagues come together to recognise newly named physics laureate Anne L’Huillier. The Lund University Professor learned that she is the winner of the 2023 Nobel Prize in Physics. The French scientist accomplished something that only four other women have achieved, starting in 1903 with Poland’s Marie Curie.@nobelprize_org @lunduniversity
♬ Outro - M83 - Entrada da Noiva - Cover - Musical Songsdei
„Мислам дека е историски. Јас сум петта жена, но последните три, вклучувајќи ме и мене, се неодамнешни добитнички. Мислам дека овој лош тренд се менува во моментов. Ќе има сè повеќе и повеќе жени во иднина, па среќна сум што можам да придонесам што сум петта жена и што ќе има сè повеќе жени во физиката“ – рече таа.
Покрај Ан, Нобелова награда добија и францускиот научник Пјер Агостини и австриско-унгарскиот научник Ференц Краус.
Тие ја добија наградата за „експериментални методи кои генерираат атосекундни импулси на светлина за проучување на динамиката на електроните во материјата“.
Како што се наведува во образложението на Кралската академија на науките од Стокхолм, тројцата научници му дале на човештвото нови алатки за истражување на светот на електроните во атомите и во молекулите.