Меган Маркл и принцот Хари го прошируваат семејството. Познатиот пар на Денот на вљубените со романтична фотографија објави дека очекува бебе.
„Можеме да потврдиме дека Арчи ќе биде поголем брат. Војводата и војвотката од Сасекс се пресреќни што го очекуваат нивното второ дете“ – изјавил нивен претставник за јавноста.
Радосната вест доаѓа половина година откако 39-годишната Војвотка сподели дека имала спонтан абортус. „Да изгубиш дете значи да носиш неподнослива тага. Тага која е искусена од многумина, а малкумина зборуваат за неа“ – напиша таа лани во трогателен есеј.
Меган и Хари се родители на Арчи, кој во мај ќе наполни 2 години. Откако се откажаа од функциите во кралското семејство, тие живеат во Калифорнија.