Почетна » Новости » Актуелно » Мастерклас на Жан Мари Дружу и премиера на „Лена и Владимир“ за крај на 44-тото издание на „Браќа Манаки“

Мастерклас на Жан Мари Дружу и премиера на „Лена и Владимир“ за крај на 44-тото издание на „Браќа Манаки“

На последниот фестивалски ден, финскиот кинематографер, Тимо Салминен и неговата француска колешка, Каролин Шампетие, во Офицерскиот дом во 11 часот ќе одржат прес-конференција. Веднаш потоа прес ќе имаат и Душан Кардалевски заедно со тимот на филмот „Лена и Владимир”, како и кинематограферот Стефан Ѓоргиевски.

Во 12:30 во киното „Манаки“ Жан Мари Дружу ќе одржи работилница на тема, Снимањето на „Нотр Дам гори“. Подоцна, во 15:30 во ова кино ќе се прикажат филмови од студентската програма. „Зборувај ми“, кој трае 21 минута, „Килибарно и зелено“ кој трае 9 минути, како и „Светови горат сред сенките“ во времетраење о 20 минути.

Manaki

Од 17 часот во киното „Манаки“ продолжуваат да се прикажуваат проекции од документарната програма – „Никогаш не враќај се“ на кинематограферот Симон Феронег кој трае 17 минути, „Безмилосни времиња – песни за негувањето“, чиј кинематографер е Сари Алтонен и кој трае час и половина.

Исто така во 17 часот во Центарот за култура, во рамки на специјалната селекција ќе се прикаже „Американскиот вонземјанин“, како и „Свињите одат во рајот“, на кинематограферот Бранко Лита.

Во 20 часот во Центарот за култура ќе се одржи церемонија на затворање на 44. издание на ИФФК „Браќа Манаки“. Во рамки на официјалната селекција камера 300, премиено ќе биде прикажан „Лена и Владимир“ (1 час и 35 минути), во режија на Игор Алексов, а за чија кинематографија е задолжен Душан Кардалевски.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19743 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.