Волја, мотивација, истрајност, издржливост и напорни тренинзи... Да се трча ултрамаратон цели 24 часа воопшто не е лесно, но да се победи на истиот е неверојатно достигнување.
Македонската ултрамаратонка Катерина Шиповиќ го освои првото место на
За својот успех, Шиповиќ објави пост на социјалните мрежи каде сподели и фотографии:
„Шри Чинмој ултрамаратон, Белград. Трка на 24 часа / истрчани 211,059 км. Прво место генерален пласман, рекорд на стаза и нов национален рекорд. Трката која со душа ја чекав. Успеав да го реализирам резултатот за кој се подготвував“ – напиша Катерина и им се заблагодари на сите кои беа дел од нејзината екипа и 30 часа беа активни и ѝ помагаа во овој подвиг.
Минатата година, Шиповиќ стана првата ултрамаратонка од нашата држава која учествувала на Спартатлонот во Грција. Трката долга 246 километри од Атина до Спарта во Грција е една од најтешките ултрамаратонски трки во светот, а таа ја истрча за 34 часа, 36 минути и 12 секунди, освојувајќи го 102-рото место од 380 учесници.