Почетна » Новости » Актуелно » Лео конечно ја доби Златната бубамара од ДНК со која беа собрани 690 илјади денари за негово лекување

Лео конечно ја доби Златната бубамара од ДНК со која беа собрани 690 илјади денари за негово лекување

Леонид Индов ја доби Златната бубамара од групата ДНК за да го потсетува дека не е сам.

Момчето, кое е во критична состојба поради тешка несреќа и беше транспортирано на лекување во Виена, Австрија, испрати поздрав до сите кои донираа за него и сподели дека здравјето му се подобрува. Оваа вест ја пренесоа членовите на ДНК на нивниот Facebook профил.

„Лео конечно си ја доби бубамарата, многу ве поздрави и ни кажа дека благодарение на сите вас добри и хумани луѓе, здравјето му иде на подобро, и дека нема намера да се откаже“ – напишаа тие.

Леонид Индов

Леонид позираше со „бубамарата“ која минатиот месец беше ставена на лицитација за собирање пари за негово лекување. Со неа се собраа вкупно 690 илјади денари. Наградата заврши во рацете на Митрески Кирче од Охрид, кој ја даде најголемата понуда од 250.000 денари и се погрижи бубамарата да заврши во рацете на Лео „за да го потсетува дека не е сам“.

Иако понудите на Филип (150.000 денари), Живко (90.000 денари) и компанијата Еклектик Диспеч (200.000 денари) не беа највисоки, тие сепак решија да ги донираат за Лео. Со тоа, целосната сума собрана од ДНК за Лео достигна 690.000 денари, кои ѝ беа предадени на тетката на момчето.

ДНК оваа година освоија Златна бубамара за песната „Посреќна“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19738 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.