Почетна » Новости » Актуелно » Лајкамобајл во партнерство со Меѓаши и повеќе општини обезбеди бесплатен мобилен интернет за 2.000 ученици со потешкотии во следење на онлајн наставата

Лајкамобајл во партнерство со Меѓаши и повеќе општини обезбеди бесплатен мобилен интернет за 2.000 ученици со потешкотии во следење на онлајн наставата

Лајкамобајл во соработка со Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија започнаа акција за помош и поддршка на ученици од основните и средните училишта кои немаат соодветен пристап до интернет поради социјалната состојба во која се наоѓаат и не се во можност редовно да ја следат наставата на далечина до крајот на оваа учебната година.

За оваа цел Лајкамобаjл донира 2000 СИМ картички со тарифен пакет Mega Data кој вклучува интернет од 20 Гигабајти месечно, којшто учениците може да го користат бесплатно и без дополнителни трошоци секој од следните месеци до крајот на јуни 2021 година. Со оваа активност ќе бидат опфатени вкупно 2000 ученици на кои им е неопходен непречен и брз пристап до интернет, во над 50 основни и средни училишта од следните општини: Гази Баба и Аеродром Скопје, Дебар, Гостивар, Маврово и Ростуше, Велес, Виница, Берово, Битола, Охрид, Шуто Оризари, Куманово и Македонски Брод. Реализацијата на донацијата е во тек.

Акција Акција

„Горд сум што можам да го најавам овој проект во кој учествуваме заедно со Детската амбасада Меѓаши. Во период кога предизвиците од Ковид кризата се сè поголеми и кога на секој ученик му е потребен гигабајт повеќе, на овој начин сакаме да се осигураме дека и децата на кои им е најпотребна поддршка, да можат непречено да продолжат да ја следат онлајн наставата до крајот на учебната година и да постигнат најдобри успеси и знаења. Исто така веруваме дека ќе бидеме во можност проектот да го продолжиме и на почетокот на следната учебна година со цел да ги ублажиме последиците од тековната пандемија” – изјави генералниот менаџер на Лајкамобајл Македонија, г-дин Владимир Николиќ.

„Секоја граѓанска акција која е поддржана од општествено одговорна компанија, како што во овој случај е Лајкамобајл, особено во криза, за време на пандемија кога за жал не може секое дете да оствари квалитетно далечинско учење со брз интернет и основни помагала за следење на истата, е од особена важност. Наша клучна задача е да им помогнеме на ранливите категории семејства, поточно на децата кои немаат пристап до интернет и да им овозможиме еднакви можности за пристап до образованието. Со оваа активност иницираме и поттикнуваме враќање на вредностите на филантропија, солидарност и емпатија, во време кога тие се неопходни“ – изјави Драги Змијанац, основач и претседател на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ.

Акција Акција

Оваа донаторска активност Лајкамобајл групата ја спорведува и во останати земји.

Лајкамобајл групата е најголемиот светски мобилен виртуелен мрежен оператор, кој нуди брз мобилен интернет и говорни услуги за повеќе од 16 милиони корисници во 25 земји и четири континенти во светот. Кај нас оваа компанија започна со работа во 2016 година и веќе е препознатлива по понуда која вклучува пакети со мобилни комуникациски услуги со многу поволности достапни по атрaкативни цени, врвен квалитет и без договорни обврски.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19942 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.