Почетна » Новости » Актуелно » Испиша историја: Камала Харис е првата потпретседателка на САД

Испиша историја: Камала Харис е првата потпретседателка на САД

„Ние, луѓето, имаме моќ да изградиме подобра иднина“ – смело рече Камала Харис во својот прв говор откако релевантни медиуми го прогласија Џо Бајден за победник на претседателските избори во САД.

Со големата победа, Камала влегува во историјата како прва потпретседателка на САД.

Камала Харис

„Можеби сум првата жена на оваа функција, но нема да бидам последната, затоа што секое мало девојче кое нè следи вечерва, гледа дека ова е земја на можности“ – потенцира Харис.

55-годишната политичарка и адвокатка носеше бел костум од Каролина Ерера додека со гордост зборуваше за поддршката која ја доби и упатуваше благодарност до американските гласачи и Џо Бајден.

Камала Харис

Камала не само што е првата жена, туку е и првата Афроамериканка и првата личност со азиско потекло која застанува на оваа висока позиција. Имено, нејзината мајка Шјамала Гопалан, која работеше во сферата на истражувања на ракот на дојка, се преселила во Америка на 19-годишна возраст од Индија додека нејзиниот татко Доналд Харис, професор по економија на Универзитетот Стенфорд, потекнува од Јамајка.

Говорот на Камала Харис

На сцената во Делавер, Харис беше придружувана од Даглас Емхоф, со кого е во брак од 2014 година.

Камала Харис

Џо Бајден испрати порака до гласачите на Трамп. „За сите вие кои гласавте за претседателот Трамп, го разбирам вашето разочарување вечерва. И самиот јас имам изгубено неколкупати. Но сега, да си дадеме шанса едни на други. Време е да ја тргнеме острата реторика, да ја намалиме температурата и повторно да се видиме, повторно да се слушнеме едни со други. А за да оствариме напредок, мора да прекинеме да ги гледаме нашите опоненти како непријатели“ – порача тој.

Говорот на Џо Бајден

На славеничкиот настан, Бајден доби поддршка од потесното семејство.

Бајден Бајден
View this post on Instagram

VICE PRESIDENT AUNTIE

A post shared by Meena Harris (@meena) on

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19745 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.