Ајде сите заедно да ѝ помогнеме на Кара Селовска од Скопје да оздрави.
12-годишното девојче страда од ретка болест, која во нашата земја не може прецизно да се дијагностицира, а со тоа и да се обезбеди соодветно лекување. Нејзиното семејство е исцрпено и принудено да бара решение надвор од Македонија, поточно во болница во Барселона, Шпанија.
Средствата потребни само за дијагностицирање, испитување и престој во болницата за 14 дена изнесуваат 22.811 евра.
Семејството на Кара испраќа апел за помош:
Почитувани,
Ви се обраќам со молба за финансиска помош за лекување на мојата 12-годишна ќерка Кара Селовска. Кара боледува од ретка болест која во нашата земја не може прецизно да се дијагностицира, а со тоа и да се обезбеди соодветно лекување.
После двегодишна макотрпна борба и напори, неколку повеќемесечни престои во Детската клиника во Скопје (во моментов е веќе два месеци хоспитализирана на детска клиника) како и во Клиничката болница Систина, можностите за нејзино лекување во Македонија се исцрпени и принудени сме да бараме решение надвор од Македонија.
Во потрага по најсоодветно решение, се обративме на повеќе европски педијатриски болници кои третираат ретки болести. Добивме повеќе мислења и предлози и во консултација со повеќе стручни лица се одлучивме за реномираната детска болница Joan de Deu во Барселона, Шпанија.
Подготвени се да ја примат на испитување и дијагностицирање, а потоа се надеваме и на лекување. За жал, не сум во можност да ги обезбедам средствата потребни за лекување, транспорт и престој и затоа молам за финансиска помош.
Средствата потребни само за дијагностицирање, испитување и престој во болницата за 14 дена изнесуваат 22.811 евра.
Донациите може да се извршат на овој апел на , како и на телефонските броеви и донациската сметка:
А1: 143 464
Т-мобиле: 143 135
Сметка: 210700000684083 во НЛБ Банка
Верувам дека овој апел за помош ќе наиде на Ваше разбирање, Ве уверувам дека секој мал придонес е од големо значење.
Од мое име и од името на мојата ќерка Кара, Ви благодарам.
Васе Селовски, родител
Тел: 076 404 310