Купувајте од производите означени со насмевка во продажните салони на „Нептун“ и донирајте за децата од СОС Детско село. Нептун Македонија ДОО од 10 до 31 мај спроведува кампања “Неверојатен попуст на грижа, љубов и внимание”. Со секој купен производ кој е дел од компаниската промоција, купувачите во „Нептун“ имаат можност да се вклучат во донаторска акција и да дадат свој придонес, помагајќи им на децата и младинците без родителска грижа.
Грижата за заедницата е дел од корпоративната култура на „Нептун“, а со оваа кампања компанијата оди чекор понатаму. Намерата е да се вклучат и потрошувачите, односно да се прати порака дека со купување на овие „хуманитарни” производи од „Нептун“ и тие индиректно донираат и учествуваат во поддршката на најранливите категории – децата без родителска грижа.
- Во оваа кампања „делиме гратис насмевки“, наплаќаме „0% камата на детската радост“ и даваме неверојатен “попуст на љубов, грижа и внимание“. Како стратешки партнер на СОС Детско село сметаме дека грижата за децата и младите во социјален ризик треба да биде дел од културата на живеење на целата заедница и дека треба да ги поттикнеме сите што се во можност да се вклучат во активностите за нивна поддршка. Помагајќи им на децата без родители и родителска грижа, за возврат добиваме огромно емотивно задоволство дека на овие деца сме им овозможиле еднакви можности како и на другите деца кои ја имаат таа среќа да растат во стабилни семејства – истакнуваат од „Нептун“.