Министерот за здравство Венко Филипче одржува прес-конференција со најновите информации за ситуацијата со коронавирус во земјава.
Прес на Венко Филипче, 15 часот
„Денешната бројка на заболени со коронавирус во земјата – состојба до 12.00 часот е 35. Утрово на коронавирус се позитивни 4 лица од Скопје. Состојбата на сите пациенти е стабилна.“
„Доцна синоќа на скопскиот аеродром пристигна авионот со патници од Брисел. Патниците беа тестирани на коронавирус и задржани во изолација до добивање на резулатите. Резулататите на сите патници се негативни, а тие се пуштени дома во задолжителна изолација“ – истакна Филипче.