Невозможно е да не почувствувате гордост додека гледате како нашите спортисти го веат македонското знаме на отворањето на Летните олимписки игри.
На церемонијата во Токио, честа да бидат знаменосци им припадна на Арбреша Реџепи и Дејан Георгиевски.
Видео
Во Токио ќе нè претставуваат двајца пливачи, Миа Блажевска-Еминова и Филип Дерковски и по еден таеквондист (Дејан Георгиевски), атлетичар (Јован Стојоски), џудист (Реџепи), каратист (Пулексенија Јованоска), стрелач (Борјан Бранковски) и борач (Магомедгаджи Нуров).
„Јас се натпреварувам во конкуренција до 52 килограми во џудо, конкуренцијата е силна, се надевам на добар резултат и добри борби. Целта е јасна, да остварам победи на овие ОИ“, порача Реџепи на прес-конференцијата пред заминувањето за Јапонија.
Георгиевски изјави: „Сакам да се заблагодарам до сите за огромната поддршка, се надевам дека и понатаму ќе биде уште поголема. Како што најавив и претходно, сакам да се квалификувам и го остварив тоа. Но целта ми е да се вратам со медал, одам на златен медал, а не само да учествувам. Конкуренцијата секако е тешка, со многумина сум се борел, ме победувале, сум ги победувал. Сигурен сум дека можам да победам било, па со Господ напред сакам да донесам медал за Македонија“.