Почетна » Новости » Актуелно » Братот на диџеј Ицко, кој почина од коронавирус, донираше крвна плазма во негов спомен

Братот на диџеј Ицко, кој почина од коронавирус, донираше крвна плазма во негов спомен

Пред два месеци, Ристо Меловски, познат како диџеј Ицко, ја загуби битката со коронавирусот.

Неговиот брат Владимир успеа да се избори со болеста КОВИД-19 и деновиве донираше крвна плазма за да им помогне на оние кои имаат потреба.

Министерството за здравство сподели фотографија од Владимир, заедно со негова порака во која опишува дека донира крвна плазма во спомен на покојниот брат.

„Дарував крвна плазма во спомен на мојот брат Ристо Меловски - ДЈ Ицко кој ја загуби битката со ковид-19. Решен сум да помогнам на сите оние кои во овие моменти имаат потреба од помош. Очекувам повик и за второ дарување бидејќи имам многу антитела. Како крводарител и хуман човек се надевам дека ќе го пратат мојот пример и потреба за победување на оваа болест“ – стои во описот.

Диџеј Ицко почина на 48-годишна возраст како последица на компликации од коронавирусот.

Диџеј Ицко

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19740 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.