Општина Прилеп ја возобнови прекрасната традиција на формирање на македонско знаме во центарот на градот.
Во чест на празникот 11 Октомври, Денот на востанието на Македонија, 1.200 ученици од основни и средни училишта од градот под Марковите Кули направија „златно сонце“ на црвена површина.
![Прилеп](/images/articles/28442/01.jpg)
![Прилеп](/images/articles/28442/02.jpg)
![Прилеп](/images/articles/28442/03.jpg)
![Прилеп](/images/articles/28442/04.jpg)
![Прилеп](/images/articles/28442/05.jpg)
![Прилеп](/images/articles/28442/06.jpg)
„Овој чин нас нè прави горди и говори за љубовта кон татковината и почитта кон нејзините историски вредности, кои се втемелени во сите сегменти од нашиот град и држава, за слобода и демократија на македонскиот народ, како и за создавањето и градењето на почит кон татковината од најмлада возраст, како клучен фактор за развивање на чуството кај младите луѓе да си ја сакаат, почитуваат, штитат и чуваат татковина, и да ги почитуваат сите нејзини национални белези и симболи“ – напиша Борче Јовчески, градоначалник на Општина Прилеп.
![Прилеп](/images/articles/28442/07.jpg)
![Прилеп](/images/articles/28442/08.jpg)
![Прилеп](/images/articles/28442/09.jpg)
![Прилеп](/images/articles/28442/10.jpg)
Тој сподели и видео од настанот.
„Прилеп во чест на 11 Октомври, Денот на народното востание на македонскиот народ против бугарскиот фашистички окупатор! Како што доликува за град ХЕРОЈ!“ – напиша Јовчески.