Почетна » Новости » Актуелно » Бојата на надежта е зелена

Бојата на надежта е зелена

Велигден е време за верба, симбол на надежта и на новиот почеток. Но, за мене Велигден се поврзува со приказната за Магде, едно од нашите деца, згрижени во СОС Детско село. Вака го почнува своето раскажување Радмила, упорна и посветена СОС-мама.

„Магде дојде кај мене како седумгодишно девојче. Беше исклучително тивка. Не ѝ бил лесен животот. Tатко ѝ ја оставил уште пред да се роди. И покрај сета љубов што ѝ ја давала, мајка ѝ долго време се борела со тешка болест. За жал, на крајот ја изгубила битката“ – се сеќава Радмила.

Магде пристигнала во СОС Детско село точно една недела пред Велигден.

„Беше многу исплашена. Не сакаше со никого да зборува. Во саботата пред Велигден, сите деца беа седнати на масата во кујната и ги бојадисуваа велигденските јајца. Се смееја, раскажуваа и зборуваа гласно. Само Магде седеше и молчеше. По некое време седна на масата и бојадиса само едно велигденско јајце, целото зелено“ – раскажува Радмила.

Таа ја прашала зошто избрала зелена боја, Магде ѝ одговорила: „Мама ми кажа дека бојата на надежта е зелена“. Нејзината мајка ја научила на една многу важна лекција во животот: „Никогаш не се откажувај! Ќе имаш и тешки денови, но секогаш треба да веруваш дека ќе биде добро, бидејќи надеж секогаш има“.

Денес таа е среќно и разиграно девојче, кое многу сака да зборува. И понатаму, секој Велигден, сите јајца на Магде се зелени. Нејзините блиски сега чувствуваат дека таа е среќна, сигурна и задоволна и сигурни се дека никогаш нема да ја изгуби надежта.

СОС

Драги пријатели, Магде е една од 514 деца и млади без родителска грижа за кои СОС Детско село обезбедува поддршка и грижа. Со вашата донација помагате за Магде и децата како Магде, да имаат сигурна ИДНИНА исполнета со НАДЕЖ, ЉУБОВ и СИГУРНОСТ.

СОС

Прочитајте повеќе за работата на СОС Детско село на следниот линк www.sos.org.mk

И не заборавајте, за многу од нив тоа ќе биде почеток на нов и подобар живот.

П.С. Зелената боја на велигденските јајца нека ве потсетува дека СЕКОГАШ ИМА НАДЕЖ!

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19765 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.