Пандемијата на COVID-19, новиот корона вирус, предизвикува нестандарден притисок врз здравствениот систем и здравствените работници. Оттука, најголема поддршка е потребна токму за нив и нивната пожртвуваност во грижата за заболените и спречување на ширењето на болеста.
Оттука, во знак на поддршка, Стопанска банка АД - Скопје со Министерството за здравство потпиша Договор за донација на апарат за механичка вентилација - респиратор, наменета за Клиниката за инфективни болести во Скопје. Опремата во консултација со Министерството за здравство беше посочена како неопходна за третирање на заболените од COVID-19 кои покажуваат потешки симптоми на болеста.
Банката го исплати износот за набавка и испорака кон добавувачот кој прави максимални напори апаратот да пристигне во деновиве по што ќе биде предаден на располагање на Министерството и Клиниката.
Се надеваме дека донацијата ќе помогне во овој заеднички предизвик и дека сите граѓани со разумно и совесно однесување ќе придонесат кон побрзо и полесно надминување на состојбата.
Стопанска банка АД - Скопје
На ваша страна