Растечениот и затнат нос, кивањето и кашлицата се симптоми кои можат да се појават и кај настинките и при сезонските алергии. Иако имаат слични симптоми се работи за две различни состојби, настинката е предизвикана од вируси, а алергиите се реакција на имуниот систем при контакт со алергени.
Влегуваме во ек на сезона кога не знаеме дали се соочуваме со алергиска реакција или настинка, бидејќи симптомите и кај двете состојби се слични. Растечен нос и зголемен секрет, кивање, блага кашлица, чешање на грлото и пецкање на носот се дел од најчестите симптоми со кои се соочуват луѓето од различни возрасти.
Иако пролетта е годишно време кое на многумина им е омилено, овој дел од годината е и период на зачестени алергии. Сезоната на цветање и поленот предизвикуваат проблеми кај повеќето од нас, особено кога времето е сончево и ветровито.
Сончевите зраци и повисоките температури се причина да престојуваме подолго време на отворено, но ако страдаме од алергии, дел од советите се и во овој период да избегнуваме подолги прошетки или физички активности на отворено.
Течењето на носот или затнатиот нос, како и кивањето се вообичаени симптоми и кај алергиите, но и кај настинките. Како да направиме разлика?
Кога сме настинати, поверојатно е да имаме кашлица, болно грло или покачена температура, а сезонските алергии се вообичаено пропратени со затнат и растечен нос, чешање на очите и кивање. Заморот и исцрпеноста се карактеристични и за двете состојби.
Консумацијата на течности, особено на доволно количество вода е важно при надминување на двете состојби. Во случај на растечен или затнат нос, се препорачува употреба на деконгестив, со брз почеток на дејство и долготрајно дејство со цел да се овозможи непрекинат и мирен сон.
Потребно е да користите спреј за нос кој содржи две активни состојки кои придонесуваат за двоен ефект: брзо го одзатнува носот и ја штити и лекува носната слузница.
Дознајте повеќе: https://www.septanazal.com/mk/
Комерцијален текст