Почетна » Новости » Актуелно » Wise.Blue се приклучува на програмата за официјални партнери на Твитер со цел зајакнување на performance огласувачите

Wise.Blue се приклучува на програмата за официјални партнери на Твитер со цел зајакнување на performance огласувачите

Wise.Blue е сеопфатно решение за огласување на Твитер, кое нуди резултати во поширок обем, избрано од најголемите меѓународни performance огласувачи (огласувачи ценети по учинок). Дизајнирана од Httpool, оваа платформа користи машинско учење и алгоритми за предвидување за управување сложени кампањи и испорака на клучни показатели за успех (KPI) во поширок обем.

Сега, како дел од програмата за официјални партнери на Твитер, програма која им дава признание на компании што нудат извонредни решенија за маркетинг со докажани резултати за успех на клиентите, Wise.Blue им дава дополнителна вредност на performance огласувачите, нудејќи резултати во поширок обем.

Wise.Blue

Можност за искористување на потенцијалот на огласување на Твитер за performance огласувачи

Некои од најискусните тимови за изведба и експерти за машинско учење си поставија амбициозна цел - да создадат можност за користење на целиот потенцијал на платформата за огласување на Твитер за performance огласувачите. Преку анализи и алгоритми за предвидување, создадовме низа карактеристики скроени за таа намена и го дизајниравме Wise.Blue за да станеме врвно решение за performance огласувачи.

„Твитер е една од најзначајните платформа со висококвалитетна публика која нуди неверојатни можности за најуспешните брендови и бизниси од целиот свет.“, објасни Мариус Ивановас, идејниот автор на Wise.Blue. „Тука настапува Wise.Blue! Ги идентификувавме клучните барања на најголемите performance огласувачи и развивме единствена технологија за напредните корисници да ги постигнат своите клучни показатели за успех на Твитер во поширок обем“.

Решението Wise.Blue API е засновано на обемно искуство, досегашни успеси и разбирање на потребите на performance огласувачите. Развиено е од Httpool, корпоративна компанија на IMS и партнер за продажба на Твитер во повеќе од 25 земји во Европа и Азија, Wise.Blue претставува иновација во најсуштинската смисла. Работејќи со безброј кампањи на Твитер и големи меѓународни performance клиенти, тимот воочи можности за максимално искористување на платформата на Твитер, поедноставувајќи го управувањето со сложените поставувања, а истовремено значително подобрувајќи ги резултатите.

Сеопфатна алатка за напредни корисници низ целиот свет

Повеќе аспектната природа на Wise.Blue е преточена во голем број производи и карактеристики кои претставуваат револуционерна алатка за сите performance огласувачи. На сеопфатното управување со дигиталната стратегија се додава алатка за длабинска аналитика, креативно студио и патентирана автоматизација за машинско учење.

Овој проект, што го создадовме со сопствени ресурси, се разви во водечка глобална алатка. Постанувањето официјален партнер на Твитер е важно признание за Wise.Blue, и ни претставува задоволство што придонесуваме за екосистемот и додаваме вредност на некои од најсофистицираните performance огласувачи низ целиот свет“ - рече Аљоша Јенко, извршен директор на Httpool.

Решението Wise.Blue се состои од технологија и услуги за управување со мрежа обезбедени по потреба, кои ги извршуваат меѓународни тимови на специјалисти за performance на Твитер. Како резултат, големите глобални огласувачи на Wise.Blue обично ги надминуваат своите клучни показатели за успех и креираат нови, претходно несогледани можности.

Решивме да го довериме целокупното управување со кампањата на Твитер на тимот Wise.Blue и се воодушевивме од резултатите и професионалниот пристап. Тимот извонредно ја исполни задачата. Тие се многу агилни, транспарентни, имаат многу знаење и подготвени се да помогнат кога е потребно“. рече Камерон Ро, Директор за дигитален маркетинг на Change, една од водечките апликации за криптовалути.

Деивид Пранчас, менаџер за аквизиција на корисници во NordVPN се заблагодари на тимот на Wise.Blue за успешната соработка, истакнувајќи дека „знаењето што го комбинирате со практична поддршка е клучот за успешни performance кампањи. Задоволство е да се работи со таква група експерти“.

Решени континуирано да иновираме

Wise.Blue е решена постојано да иновира и да ги дефинира трендовите за performance рекламирање на Твитер.

Ова е само почетокот на едно неверојатно патување. Постојано ја ажурираме и надградуваме Wise.Blue со нови функции наменети за дополнителна поддршка на напредните корисници на Твитер“, рече Артурс Лукашевиќ, директор на Wise.Blue. „Следните нови елементи на Wise.Blue вклучуваат дел за различни видови публика и специјална алатка за ремаркетинг.“

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19740 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.