Имаш страст за пишување и моќен глас кој заслужува да допре до што поголема публика?
Femina.mk го проширува тимот и е во потрага по елоквентни, организирани и креативни автор(к)и со изразена самоиницијативност, способни да се придржуваат до рокови и да балансираат помеѓу различни приоритети и проекти.
Квалификации и способности:
- Совршено познавање на македонскиот јазик.
- Силни комуникациски и аналитички вештини.
- Завршено високо образование (новинарство ќе се смета за предност).
- Основни компјутерски вештини и ентузијазам за нивно надоградување.
- Способност и за индивидуална и за тимска работа.
- Одлично познавање на англиски јазик.
Опис на работното место
Клучни обврски:
- Генерирање на идеи за едукативни статии, интервјуа, животни стории и вести од забавен и информативен карактер.
- Комплетна подготовка на содржини за објава на Femina.mk (пишување и уредување на текст, договарање и реализација на интервјуа, проверка на факти, обработка на фотографии).
- Комуницирање со публиката преку социјалните мрежи.
Нудиме и вработување со полно работно време и можност за хонорарна соработка.
Како да аплицирате?
Доколку сакате да ни се придружите во создавањето на возбудливи содржини, испратете ни актуелно CV и кратко мотивациско писмо на info@femina.mk (назнака: За вработување).
Позитивно ќе биде оценето и ако вашата апликација дополнително вклучува и ваш(и) авторски текст(ови).
За жал, не сме во можност да одговориме на сите апликации. Ќе бидат контактирани само кандидат(к)ите кои се во потесен избор.
Периодот за аплицирање е продолжен до 15 август 2023.
За медиумот
Femina.mk е водечки лајфстајл дигитален медиум во чии рамки функционира и најголемата женска заедница во Македонија – Форум Фемина.
Медиумот е „под капата“ на компанијата Емедиа Гроуп ДОО Битола, во чија сопственост е и најпосетуваниот македонски спортски медиум – Gol.mk.
Забелешка: Со самото аплицирање за работната позиција, вие се согласувате дадените лични податоци да се користат/обработуваат од страна на Емедиа Гроуп ДОО и тоа само за процесот за селекција на кандидатите, а по завршување на истиот, податоците ќе бидат избришани.
Имате право во секое време да ја повлечете апликацијата и/или да побарате стопирање на процесот на обработка на податоците со едноставно поднесување на барање на info@femina.mk.