Почетна » Новости » Актуелно » 74 новозаразени, 90 оздравени и 3 починати од коронавирус кај нас

74 новозаразени, 90 оздравени и 3 починати од коронавирус кај нас

Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие направени се 689 тестирања, а се потврдени 74 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.

Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:

  • Скопје – 14
  • Куманово – 8
  • Штип – 13
  • Струга – 1
  • Кавадарци – 3
  • Гостивар – 22
  • Кочани – 1
  • Берово – 3
  • Виница – 4
  • Кичево – 2
  • Свети Николе – 3
Податоци

Институтот за јавно здравје регистрира 90 оздравени пациенти од: Скопје-23, Куманово-1, Дебар-1, Штип-11, Тетово-17, Велес-1, Охрид-1, Кавадарци-3, Гостивар-9, Радовиш-5, Кочани-1, Свети Николе-17.

Починати се 3 лица, пациент од Битола (73г.), пациент од Демир Хисар (73г.) и пациент од Скопје (44г.). Сите пациенти се починати во болнички услови.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 48 пациенти, 1 на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 10 возрасни пациенти позитивни на КОВИД-19 и 3 деца позитивни, како и 7 пациенти суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, вкупно хоспитализирани се 95 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 26, а во болницата во Штип се хоспитализирани 50 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 114 пациенти – позитивни и сомнителни на КОВИД-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје):

  • Чаир – 168
  • Аеродром – 156
  • Бутел – 86
  • Гази Баба – 137
  • Центар – 116
  • Карпош – 118
  • Сарај – 65
  • Кисела Вода – 148
  • Ѓорче Петров – 99
  • Студеничани – 46
  • Шуто Оризари – 115
  • Арачиново – 24
  • Илинден – 23
  • Петровец – 16
  • Чучер Сандево – 8
  • Сопиште – 21
  • Зелениково- 8
  • Странец – 6
  • Нераспределен - 3

Вкупната бројка на дијагностицирани со КОВИД-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11.128, бројката на оздравени пациенти е 6.972, на починати е 500, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.656.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19740 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.