Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 3.431 тестирања, а има 472 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 222
- Куманово – 47
- Прилеп – 30
- Велес – 23
- Битола – 22
- Кавадарци и Кочани – по 16
- Штип – 15
- Гевгелија – 9
- Тетово, Охрид и Крива Паланка – по 8
- Кичево – 7
- Ресен – 6
- Делчево и Виница – по 4
- Гостивар, Струмица, Радовиш, Берово и Пробиштип – по 3
- Неготино, Свети Николе и Дебар – по 2
- Валандово, Кратово, Богданци, Крушево, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 1
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 8 починати лица: 5 од Скопје (86г, 77г, 77г, 68г, и 43г), 2 од Кочани (85г и 68г) и едно од Виница (47г). Сите се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 6 починати лица, со датум на смрт од 18.09.2021 до 12.10.2021 година. Регистрирани се двe починати лица од Скопје, и по едно од Тетово, Крива Паланка, Куманово и Кавадарци, на возраст од 51 до 80 години. Од нив, 4 се починати во болнички услови, а 2 во домашни услови.
Регистрирани сe 498 оздравени пациенти од:
- Скопје – 255
- Куманово – 58
- Велес – 28
- Охрид – 19
- Струмица – 18
- Прилеп – 17
- Битола – 15
- Кавадарци и Штип – по 14
- Струга – 9
- Кичево – 7
- Крива Паланка – 5
- Тетово, Кочани, Гевгелија, Неготино и Радовиш – по 4
- Свети Николе, Кратово и Македонска Каменица – по 3
- Ресен, Делчево и Пробиштип – по 2
- Виница, Богданци, Демир Хисар и Македонски Брод – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 197.669 бројката на оздравени пациенти е 183.972, на починати е 6.978, а бројот на активни случаи изнесува 6.719.